Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот српски патријарх бара решавање на спорот со МПЦ без политички притисоци

Новиот српски патријарх бара решавање на спорот со МПЦ без политички притисоци

Новиот српски патријарх Порфириј во својот прв коментар за односите со МПЦ-ОА вели дека спорот, доколку постои волја, ќе се решава без политички притисоци и најави нов пристап во преговорите.

Мислењето на поглаварот на СПЦ следува по изјавата на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар дадена неодамна за МИА дека очекува новиот српски патријарх да покаже повеќе разбирање за да биде решен статусот и МПЦ-ОА да добие автокефалност, 

– Секој од нас остава свој сопствен печат. Секако дека суштински ми е важно да се надмине расколот со Македонската црква. Нашата црква по Нишкиот договор најде решение за охридски архиепископ да го постави Јован, и сите православни верници имаат можност за учество во литургиски живот, но таа тема останува отворена. Верувам дека нашиот собор секогаш ќе биде спремен да се дојде до решение кое ќе биде во согласност со каноните, без какви било политички притисоци кои уште од самиот почеток на расколот, а и денес за тоа прашање ги има, рече Порфириј во интервју за РТС.



Слично

Поврзани вести