НОВИОТ СОЈ ПРИЧИНА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ: Последните два дена кај 50 проценти од потврдените е детектиран британскиот сој
Министерот за здравство Венко Филипче кој денеска ја посети модуларната болница во Велес посочи дека новиот т.н. британски сој во
Македонија многу побрзо и полесно се шири, но состојбата постојано се мониторира
и засега нема потреба од препорачување нови мерки.
-Ги пратиме бројките и ги анализиравме еезултатите од секвенционирањето на геномите на вирусот од пациенти кои што беа дијагностицирани во Охрид, Кавадарци и во Прилеп. Прво да кажам дека евидентно е зголемувањето во изминатиот период на пациенти кај кои се детектира варијантата на британскиот сој и тоа од некои 20-тина проценти. Последните два дена резултатите покажаа дека се зголемува и до 50 проценти од вкупниот број на дијагностицирани, истакна министерот Филипче.
Иако рече дека токму поради ова, во Охрид, во Прилеп, како и во Кавадарци се зголемува бројот на пациентите кои имаат потреба од хоспитализација, се надева дека сепак нема да дојде до исполнување на болничките капацитети.
Министерот оценува дека засега нема потреба од засилување на рестриктивните мерки и дека состојбата е под контрола.
