Новиот руски амбасадор во Македонија побара внимателност во носењето одлуки
Новиот руски амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин, веднаш откаки му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорѓе Иванов порача дека Македонија не треба да прави уставни измени и да носи политички исфорсирани одлуки.
Рускиот амбасадор оцени дека Република Македонија доживува клучен момент во својата историја и дека од одлуките кои ќе бидат донесени во наредните неколку недели ќе зависи иднината на Република Македонија.
„Од голема важност е тие да бидат донесени строго во рамки на Уставот, а не да ја уриваат правната држава. Да претставуваат недвосмислен одраз на волјата на граѓаните на Република Македонија, а не да бидат наметнати однадвор. Да го обединуваат, а не разединуваат општеството. Да почиваат на фундаменталните принципи на меѓународното право зацртани во Повелбата на ООН, а не на политичката конјунктура“, порача амбасадорот Баздникин во својот говор.
Баздникин го замени претходникот Олег Шчербик на барање на рускиот претседател Владимир Путин.
