Новиот претседател на „Алтернатива“ упорен во барањето за паралелна албанска академија на науките
Претседателот на партијата Алтернатива, Зеиќирија Ибрахими, е упорен во поректот формирање Албанската академија на науките и уметностите во Македонија која би почнала со работа во 2025 година.
Иако станува збор за паралелна институција, првично би ја финансирале четири општини - Чаир, Тетово, Гостивар и Желино.
Ибрахими кој го наследи Африм Гаши на претседателското место во партјата не гледеа ништо спорно во оваа идеја која првично ја отфрлија и премиерот Христијан Мицкоски и владините партенири, но и целокупната акедемска фела.
- Ме чуди македонското мислење, кога зборуваме за академија, им се чини дека зборуваме за војска. Академијата е институција од која сите би добиле. Одлучивме во 2025 година првично четирите општини Чаир, Тетово, Желина и Гостивар со буџет да ја поддржат оваа академија и во меѓувреме да се работи на нејзината законска санкција“, изјави Ибрахими за весникот „Лајм“.
