Новиот министер за здравство тврди дека нема инсулинска криза
Венко Филипче тврди дека во државата нема инсулинска криза, туку проблемот бил во процедурата за набавка.
-Ова што се случи, нема повеќе да ни се случува. Проблемот е во процедурата, нема обврска набавувачот во точнo пропишан рок да набавува инсулин, па затоа ќе се менува процедурата, за да може да се обезбедат и залихи, изјави тој на прес-конференцијата и најави корекции.
Како што пренесоа дел од медиумите Агенцијата за лекови информирала дека инсулинот бил дистрибуиран во земјава на крајот на ноември, но анализите на неговиот квалитет и други проверки траеле еден месец, а лекот денеска ќе биде пуштен во промет.
Слично
