Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ НА СОСТАНОК СО КАРАЏОВСКИ: Комисијата за заразни болести ќе се засили со нови професионални кадри

НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ НА СОСТАНОК СО КАРАЏОВСКИ: Комисијата за заразни болести ќе се засили со нови професионални кадри

Новиот министер за здравство, Беким Сали денеска имал состанок со претседателот на Комисијата за заразни болести, епидемиологот Жарко Караџовски, како и со секретарот на Комисијата, по што во изјава за МИА вели дека промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области.

-Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата. Професионалното работење на Комисијата за заразни болести е од најголема важност, а одговорот кон потребите на граѓаните врвен приоритет. Апсолутно го разбирам интересот на јавноста за натамошните чекори поврзани со составот на ова тело, бидејќи околностите бараат засилено и координирано дејствување врз основа на стручни и реалистични проценки. Во оваа Комисија веќе има доста искусни професионалци во своите области, а натамошните чекори ќе подразбираат надградба, усовршување и професионализација. Целта на овие мерки е секако намалување на бројот на заразени лица, како и воопшто заштита на јавното здравје, во најдобар интерес на граѓаните, изјави министерот Сали за МИА.


Слично

Поврзани вести