Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот министер за локална самоуправа живее на имот на своите родители?

Новиот министер за локална самоуправа живее на имот на своите родители?

Горан Милевски, новоназначениот министер за локална самоуправа, нема дом на свое име и целиот недвижен имот што го пријавил во анкетниот лист е на неговите родители.

Претседателот на ЛДП, кој доаѓа на местото на Сухејл Фазлиу, пријавил дел од куќа од 75 метри квадратни од 2,4 милиони денари и два стана од 52 м2 и 61 м2 од кои едниот купен во 1978, а другиот во 2010 со вредност од 2,3, односно 2,76 милиони денари. Сите три недвижнини се во Битола и се во сопственост на неговите родители.

Од недвижен имот, поседува опел инсигнија во вредност од 767 илјади денари, а минатата година подигнал кредит од 550.000 денари. Има девизен депозит од 1.330 евра во банка.

Слично

Поврзани вести