Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на својата прва средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, направи мал лапсус при читањето на напишата изјава пред медиумите и дипломатот го именуваше како славниот холивудски актер Ричард Гир.

Муртезани набрзо беше поправен од присутните новинари. Ваквиот гаф наиде на смеа кај присутните лица.

Муртезани стапи на должноста на местото на поранешниот вицепремиер задолжен за ресорот за евроинтеграциите, Бојан Маричиќ.

Со донесување на законот за реорганизација на Владата од новиот парламентарен состав, поранешниот Секретаријат за европски прашања прерасна во Министерство за европски прашања.

„Го поздравувам усвојувањето на Стратешката агенда 2024-2029 со приоритет проширувањето на ЕУ (Preparing for a bigger and stronger Union). Ова и те како ја враќа агендата на проширувањето меѓу главните приоритети на Европската Унија, и воедно претставува голема шанса за нас да се раздвижиме побрзо во патот кон интеграција на земјата во ЕУ. Дополнителна надеж внесуваат и оптимистичките очекувања на унгарското претседавање со ЕУ, во однос на проширувањето“, соопшти подоцна неговиот кабинет.



Слично

Поврзани вести