Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот Кривичен суд ќе проголта уште дополнителни 800.000 евра

Новиот Кривичен суд ќе проголта уште дополнителни 800.000 евра
Министерството за правда набавува канцелариски материјал за новата зграда на Кривичниот суд со непосредно преговарање без објавен оглас затоа што немало доволно конкуренција да се организира електронска аукција. Во образложението за склучениот договор се наведува дека „во отворена постапка, ограничена постапка, постапка со преговарање со објавување на оглас и постапка со барање за прибирање понуди договорниот орган не може да закаже електронска аукција од причина што не постои доволно конкуренција“. Вредноста на склучениот договор со фирмата Бауер БГ ДОО Скопје изнесува 481.872 евра со ДДВ. Изградбата на Кривичниот суд ќе го чини Министерството и дополнителни 308.636 евра со ДДВ откако нов договор за набавка на дополнителни работи за изградба на објектот беше склучен и со градежната компанија Гранит АД-Скопје, исто така со рпетходно преговарање без објавен оглас. Оправданоста за ваквата постапка Министерството за правда ја објаснува со аргументот дека „таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“. Вчера Министерството за правда објави дека со преговарање без објавен оглас склучило и нови договори со италијанската фирма „Ламоне Мореда“ за изведба на фасадата на зградата на Министерството, со што вредноста на овој зафат значително се зголеми. Повеќе за овие договори на следниот линк: Во фасадата на Министерството за правда „летнаа“ уште 440 илјади евра!
Слично

Поврзани вести