НОВИОТ КРИВИЧЕН СУД ДЕНЕС ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ: Груевски прв на судско рочиште во новата сала
Денес официјално ќе биде пуштена во употреба новата зграда
на Основниот суд Скопје 1.
Според најавите свеченоста ќе се одржи напладне во големата сала на која ќе
присуствуваат претставници од судските органи во државата и дипломати.
На брифинг со новинарите претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, изјави дека зградата стартува со работа од
понеделник, а како прв предмет го најави случајот „Титаник“ на Специјалното
јавно обвинителство .
Новиот објект има 25 модерни судници, и современи услови за работа. Изградбата
на новата зграда почна во мај 2010 година кога на ставањето на темелите присутен беше и екс премиерот Никола Груевски.
Слично
