Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот јавен обвинител денес треба да биде „аминуван“ од пратениците

Новиот јавен обвинител денес треба да биде „аминуван“ од пратениците

Конечно на ред дојде изборот на нов јавен обвинител и втора продолжена работна седмица за пратениците.

Владата го предложи Љубомир Јовески а тој денеска треба да помине во Собрание и да добие поддршка од пратениците.

За да биде избран и да биде официјално заменик на контроверзниот Марко Зврлевски за Љубомир Јовески треба да одлучи просто мнозинство од 61 глас.

Јовески веќе 15 години е дел од ЈОРМ и беше заменик јавен обвинител на Зврлевски .

Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

Слично

Поврзани вести