Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор

Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор

Прво треба да се елиминира најблагата мерка за обезбедување присуство на осомничен или обвинет, пред да се бараат построги мерки, вели новиот државен јавен обвинител Ненад Савески. Дополнително, вели тој, условите во притворските одделенија во државата се нехумани, а секој притвореник е и трошок за државата.

Наместо воспоставената пракса лесно да се ставаат осомничени и обвинети лица во затворски притвор, Савески смета дека почесто треба да се употребуваат гаранциите. 

Во гостувањето во „360 степени“ на МРТ 1, негово прво интервју по изборот, говорејќи за модернизација на обвинителството, кажа дека притворот ќе биде една од темите за кои ќе воведе промени.

„Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа, и најнехумана. Еден ден во притвор значи одвојување на парични средства од буџетот. Како сиромашна држава треба да водиме сметка и за тоа“, рече тој. 

Инаку, вели дека како држава треба да се однесуваме во согласност со нашите можности. 

фото принтскрин 360 степени

Слично

Поврзани вести