Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот директор на ЈП Комунална хигиена: Забраната за фрлање смет е пред се воведена поради фирмите и угостителите

Новиот директор на ЈП Комунална хигиена: Забраната за фрлање смет е пред се воведена поради фирмите и угостителите

Новоназначениот директор на ЈП Комунална хигиена од страна на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, Драги Митковски, во изјава за вестите на Сител рече дека воведената забрана за фрлање смет од 22 до 6 часот со пропишани казни се прави пред се поради фирмите и угостителите.

- Овој отпад ни прави големи проблеми. Во суштина од тој начин и од тој отпад се формираат тие мини депонии покрај микро локациите. Пред се, оваа одлука е поради тој вид на отпад. кој за право се одлага во тој период кога тоа тешко се следи, вели Митковски.

Тој додаде дека одлуката е флексибилна и може да се менува во секое време. 

- Ова е пробна варијанта која ќе се следи како ќе се одвива и ќе видиме каков резултат ќе даде, додаде тој.

Слично

Поврзани вести