Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИОТ БРАН НА КОВИД ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗАПОЧАНТ: Филипче уверува дека нема притисок врз болниците

НОВИОТ БРАН НА КОВИД ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗАПОЧАНТ: Филипче уверува дека нема притисок врз болниците

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција информираше дека новиот бран на корона вирусот во Македонија е започат, за што доказ е се повисокиот број на новозаразени случаи. Сепак, како што вели нема притисок врз болниците и дека голем број здравствени установи кои во претходниот период беа ковид-центри, се празни.

-Бранот е започнат, болниците се спремни, но дел од кадарот е преморен. Сепак, мора да кажам дека не е поентата болничките капацитети да се преполнат, најважно е луѓето да се вакцинираат, со што болеста нема да се трансформира во тешка форма, а со тоа нема да има оптоварување на болничките капацитети, истакна министерот.  

Соопшти дека во моментов се хоспитализирани вкупно 518 пациенти ширум земјава, од кои меѓу 73 до 80 проценти се невакцинирани, а истовремено рече дека и бројот на амбулантските прегледи е понизок.

-Како еден од референтните центри кои го земаме предвид, тоа е Клиниката за инфективни болести како еден од најголемите ковид-центри, овој период има од 60 до 80 амбулантски прегледи во рок од 24 часа. Ако во претходниот бран 10 проценти од вкупниот број позитивни случаи беа хоспитализирани, сега тој процент изнесува 6,4 отсто, рече Филипче.

Нагласи и дека, со цел да се зголеми опфатот на вакцинацијата, Министерството за здравство веќе испратило писмо до матичните лекари кои треба да ги контактираат нивните пациенти, оние кои не вакцинирани досега против ковид, да го сторат тоа сега во овој период.

А. Б.


Слично

Поврзани вести