НОВИНАРСКИОТ СИНДИКАТ И ЗНМ Ѝ ОБЈАСНИЈА НЕКОИ РАБОТИ НА ДИРЕКТОРКАТА „ЛУТКА“ - „Не се заканувајте, сте прифатиле јавна должност, платени сте со пари на граѓаните
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја осудува објавата на в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, д-р Каролина Симоновска во која таа забранува користењето на нејзиното име во медиумите и преуредува дека во неа има многу елементи на закана кон новинарите и медиумите.
ССНМ ја потсетува д-р Симоновска дека јавната функција за која е избрана е предмет на опсервација на новинарите и медиумите, и дека со самото тоа што прифатила да извршува јавна должност, прифатила и нејзината работа да биде под лупа на јавноста. Во исто време ниту таа, ниту кој и да е избран и именуван функционер не може да забрани споменување на нивното име кога се работи за извршување на нивните функции, платени од парите на граѓаните.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници целиот случај го толкува како конкретна закана и попречување на работата на новинарите, и притисок врз независноста на медиумите, а избраните и именувани директори, па и државните органи кои ги поставуваат, ги потсетува дека ова е начин за наметнување цензура, а со неа се нарушува демократскиот амбиент во државата и се врши пресија врз колегите со несогледливи последици.
Реагираше и Здружението на новинари на Македонија.
