Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарот на Сител го снимил Коритаров во последните денови пред смртта: Вистината не може да те измори, рекол

Новинарот на Сител го снимил Коритаров во последните денови пред смртта: Вистината не може да те измори, рекол

Новинарот и уредник во телевизија Сител Марјан Николовски разговарал со сега починатиот бугарски новинар Ѓорѓи Коритаров веднаш пред изборите во Бугарија и е еден од последните луѓе кои снимиле разговор со овој човек. Од вчера Бугарија но и пријатели во Македонија се простуваат со Коритаров во жалост од неговата смрт. Николовски цитира зборови од Коритаров во објавата на фејсбук која ја насловил со реченица изговорена од познатиот новинар: Вистината никогаш не може да те измори.

„Гледам секој ден имаш емисија, му велам...
Да, по три часа на ден, задоволно ми одговори...
Добро не е тоа многу, не те исцрпува...
Вистината никогаш не може да те измори, ми врати, вели Николовски. 

Во постот ја објаснува и целата средба.

Коритаров беше почитуван во Македонија и еден од новинарите кои навлегуваше со темелна анализа и објективно во односите меѓу двете земји.

Имаше 61 година.

Фото: Марјан Николовски/фб

Слично

Поврзани вести