Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИНАРОТ МИТАНОСКИ СМЕТА ДЕКА ЦРВЕНКОВСКИ СИГУРНО БИЛ ИНФОРМИРАН - Фракција во СДСМ: „Охрид пред се“, но, кој стои - „зад се”!

НОВИНАРОТ МИТАНОСКИ СМЕТА ДЕКА ЦРВЕНКОВСКИ СИГУРНО БИЛ ИНФОРМИРАН - Фракција во СДСМ: „Охрид пред се“, но, кој стои - „зад се”!

Новинарот Веле Митаноски од Охрид, денеска се осврнува на случувањата во Охрид, каде се најавуваат независни советнички листи од СДСМ, од истакнати членови на таа партија, за што вчера лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, рече дека е порака до СДСМ и дека со тие луѓе треба да се разговара.
„Токму навреме, додека се уште вриеше во СДСМ и општеството на темата: „Стојко”, во Охрид, се огласи, "Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори".

Иницијаторите ќе делуваат под “фирмата”: „Охрид пред се“, но, никој не кажува – кој стои “зад се”!?

Дел се по потекло од регионот Дебрца, сега општина Дебрца, така што, реално е да се очекува и во таа општина да истрчаат со своја советничка листа на претстојните локални избори.

Дел се од потесниот круг, територијален и семеен, на Бранко Црвенкоски, што на поединци им “замириса!” дека, зад иницијаторите стои токму тој.

Тоа не може да се тврди со сигурност, а дека бил информиран, тоа е повеќе од сигурно.

Во секој случај, тоа се негови луге, поранешни локални и републички функционери - пратеници, советници, членови на Централниот комитет, првотимци и првотимки од Клубот на жените на СДСМ.

Генерално, не се за “преплашување”, ама и не се за “отпишување”. Во нивните редови има адвокати, професори, бизнисмени…

Најверојатно и лидерот Зоран Заев препознал дека не се баш “мачкина кашлица!”, те ги нарекува видни членови со кои треба да се разговара.

– Листите од познати членови на партијата во Охрид се порака за нас и ќе разговораме со сите во СДСМ зашто СДСМ секогаш ги извојувал победите заеднички и заеднички ги реализирал промените. Има доволно време до изборите и ќе го искористиме за разговори, рече Заев.Тенденцијата ни е сполотено заедно со сите како едно општество за сите. Уште сега го испраќам повикот за соработка до сите предизборно или постизборно, ќе каже Заев.

Но, за што ќе разговараат, ако, веќе иницијаторите обзнанија дека целта им е, "со граѓанска листа составена од професионалци - работливи, чесни и слободоумни охриѓани, без примање наредби од политичките партии и внатрепартиските хиерархии, да го преземат управувањето со Советот на општината и да го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми".

Особено што напишаа во официјалното соопштение дека се ”незадоволните од начинот како се раководи СДСМ!”.

Како и да е, токму во злодоба, Заев го доби првиот страничен удар, а, како што стојат работите, може да очекува нешто слично од уште десетина други места во земјата“, пишува новинарот Митаноски на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести