Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарот Михаел Мартенс потврди дека Мицкоски не го користел името Северна Македонија, туку само Македонија

Новинарот Михаел Мартенс потврди дека Мицкоски не го користел името Северна Македонија, туку само Македонија

ВМРО-ДПМНЕ испратила реакција до германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг" (ФАЦ) поради дел од интервјуто со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Новинарот на ФАЦ, Михаел Мартенс, кој го правеше интервјуто за Дојче веле со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по испратениот демант се коригира, кажувајќи дека Мицкоски никогаш не го користел името Северна Македонија, туку Македонија.

„Забелешка: Мицкоски во текот на целото интервју никогаш не го користеше официјалното државно име „Северна Македонија“, туку постојано ја нарекуваше својата земја под нејзиното старо име „Македонија“. Ќе биде интересно да се види како ќе реагира Грција доколку ова го направи Мицкоски и како премиер“, пишува на Твитер новинарот Михаел Мартенс.


Новинарот смета дека луѓето не сфатиле кои реченици се негови, а кои на Мицкоски. 

Слично

Поврзани вести