Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарот Драган Ристов почина од коронавирусот

Новинарот Драган Ристов почина од коронавирусот

Македонски новинар почина од коронавирус. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко сочувство до семејството на  Драган Ристов кој почина поради компликации од Ковид-19.

Тој беше долгогодишен новинар, во последниот период вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип. Во својата новинарска кариера беше вработен во Радио Канал 77 и член на ЗНМ. 47- годишниот Ристов зад себе остави сопруга и две деца. За негово лекување се собираа средства. 

За 24 часа од вирусот во земјава починаа 11 луѓе, а бројот на заразени расте. 

Слично

Поврзани вести