Новинарот Баневски од 1ТВ: Боки 13 ме тераше да правам прилози за минерална вода
Поранешниот новинар на 1ТВ, Христијан Баневски,денеска како повикан сведок на судското рочиште за случајот „Рекет“ рече дека неформалниот сосптвеник на телевизијата, првообвинетиот Бојан Јовановски, го терал да прави прилози за минерална вода кои потоа никогаш не се објавиле, ниту пак биле подготвени.
Ова сведоичење алудира на тоа дека Боки 13 имал намера со овие прилози да изнудува пари од обвинет за „Поштенска банка“ како предмет на поранешното СЈОИ.
„Бараше од мене да правам најава за испитување на квалитет на сите флаширани водаи и дека ќе ги објавиме резултатите. Целта беше да укажеме дека некој вода од чешма ја пакува и ја препродава. Иако јас ја најавив, таа никогаш не беше објавено. Боки бараше од мене да го најавувам по неколку пати. После извесен период Пелистерка стана главен спонзор во 1ТВ“, рече Баневски.
Тој додаде дека му било побарано повеќепати да најавува дека ќе бидат испратени мостри на испитување, а додека го претставувале истражувањето пред него стоело шише со вода од Пелистерка.
Втор случај кога Баневски се посомневал дека се работи за рекетирање бил кога Боки 13 побарал од него да направи сторија за фирма од Велес која работи во месната индустрија.
„Боки 13 ми го даде бројот на сопственикот и не се интересираше за развојот на приказната, туку само дали сопственикот бил уплашен. Првата реакција на сопственикот беше дека ние сме рекетари“ откри Баневски.
