Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарот Арбен Раткоцери вели дека Касами прави шоу со знамето на Голема Албанија

Новинарот Арбен Раткоцери вели дека Касами прави шоу со знамето на Голема Албанија

Новинарот Арбен Раткоцери на Фејсбук реагира откако вчера тетовскиот градоначалник Билал Касами повторно зад себе имаше знаме на Голема Албанија додека промовираше улица. 

Вели дека Касами своето „шоу“, го направи токму кога специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар се обидуваше да ја убеди македонската опозиција за придобивките од европски исчекор на Македонија. 

„Токму дента кога американскиот пратеник Ескобар во Скопје врши максимален притисок врз главните политички фактори за уставни измени, градоначалникот на Тетово Биљал Касами го одби со инаугурација на 'улички поплочени со бекатон'. Сето тоа придружено со патетична иконографија со знамиња и мапи на Етничка Албанија. Акција координирана со некого заради повеќе од нормални реакции и иритација на македонското мислење и дефокусирање на посетата на американскиот функционер на Скопје“, напиша Раткоцери.


Инаку, судот испрати покана до Општина Тетово за судски процес затоа што при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, немаше македонско знаме, а имаше знаме на Голема Албанија. Судското рочиште ќе се одржи на 15 идниот месец.  Овој настан многу го коментираа и во соседна Србија. 

Слично

Поврзани вести