Новинарката Мрѓа во самоизолација, Јанушев негативен, СДСМ чека
Јас се чувствувам добро, немам никакви симтоми. По препорака на епидемиолозите сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена, објави новинарката Душица Мрѓа попладнево. Таа во четвртокот ја водеше телевизиската дебат на ТВ 24 на која учествуваше Мухамед Зекири кој објави денеска дека е позитивен на Ковид-19.
„Првиот тест кој би покажал сериозни резултати, без да се постои сомнежот за лажно негативен, по епидемолошката препорака, ке го правам кон средината на неделава.
Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата,ми значи многу,во ова време-невреме. Бидете живи и здрави!, напиша Мрѓа.
Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ кој беше на дебатата соопшти дека направил тест и дека е негативен. Зекири за Фактор изјави дека имал состанок со раководството на СДСМ.
Оттаму рекоа дека се почитувани сите препораки. Ако треба ќе одат во изолација.
