Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарите му забележаа на Заев дека ова личи на шпанска серија

Новинарите му забележаа на Заев дека ова личи на шпанска серија

Новинарите за пронаоѓањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков му забележаа на премиерот Заев дека ова личи на шпанска серија. 

Тој рече дека не знае на што им личи, но дека ова покажало дека нема никаков договор. Според него, тоа што Мијалков се појави во суд покажало дека имаме систем и дека тој треба да зајакнува. Заев вели дека тоа е европеизација на институциите. Премиерот Зоран Заев вечерва на прес - конференција пред Владата изјави дека во изминатите 24 часа институциите направиле акција со редовни и вонредни мерки и рече дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков немал друг избор и се предал. 

Мијалков пак рече дека сам дошол да се пријави во суд, откако дознал дека има потерница по него. Тврдеше дека бил во изолација. 

Слично

Поврзани вести