Новинарите кои добија клоци и боксови на протестите „За заедничка Македонија“ со исказ во Обвинителство
Новинарите кои беа нападнати на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска ќе дадат исказ во Обвинителство.
Вработените во интернет порталот А1 он Александар Тодевски и Влатко Желчески беа претепани на еден од протестите со клоци и боксови и двајцата со возило на Итна помош беа префрлени на ургентен центар.
А1он најави дека ќе поднесе пријава против организаторот и ќе бара надомест на штета за дивјачкото и примитивно однесување.
Слично
