Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарите ќе можат да добиваат бесплатни информации од Централниот регистар

Новинарите ќе можат да добиваат бесплатни информации од Централниот регистар

Со одлука на Владата, новинарите од денеска ќе можат да добиваат бесплатни информации од Централниот регистар, но во барањата ќе мораат да наведат за какви истражувачки цели се работи.

„Ве информираме дека согласно извадокот од Нацрт – записникот од дваесет и шестата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 05.09.2017 година, во врска со точката 23 – Информација за овозможување бесплатен пристап на новинарите до јавните исправи кои ги издаваат Централниот регистар на Република Македонија и Агенција за катастар на недвижности, пристапот ќе се овозможи на секој новинар кој ќе достави писмено барање заверено со печат и потпис од главниот уредник на медиумот во кој е вработен новинарот со објаснување за какви истражувачки цели се прибавува јавната исправа. Воедно Ве известуваме дека во дописот со кој што ќе бидат доставени бараните документи на видно место ќе биде назначено дека податоците можат да се користат само за бараната цел, односно да не се злоупотребуваат“ - велат од Централниот регистар. 

Имено, Централниот регистар ќе постапи согласно Одлуката на Владата на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести