Новинарите имаат дилеми за официјалната реторика на Софија
Во соседна Бугарија има реакции во однос на ветото за македонските преговори.
Десет прашања околу бугарското вето против Северна Македонија се објавени од бугарскиот сајт „Медиапул“ со кои новинарите поставуваат дилеми во однос на официјалната реторика на Софија.
Прашуваат зошто Бугарија не покажа конзистентна политика и не го покрена прашањето пред да се приклучи Северна Македонија во НАТО и дали бугарската влада стана „сојузник“ со проруската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму, зошто Бугарија си дозволи да се претвори во „нова Грција“ за Северна Македонија, а Атина да го чува нивното небо и да нарачува вакцини на европско ниво за оваа држава?
Забележуваат дека министерот за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов преговарал со Македонија, иако не е министер за надворешни работи.Македонската страна веќе најави дека е можен договор во брзо време со Софија околу спорните прашања, со што ќе се тргне блокадата.
