Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинари нападнати пред судот

Новинари нападнати пред судот

Демонстрантите пред Кривичниот суд ја нападнале екипата на „Макфакс“ која известува за протестот. 

Еден од учесниците на протестот со рака му ја покрил камерата на снимателот и го спречи во извршување на работната задача, а новинарот се пожали дека во турканицата му биле одземени дел од работите што држел в раце.

„Од сите страни ни се закануваат, а во еден момент успеаја и да го спречат известувањето во живо. Почнаа да нè туркаат, ми ги земаа слушалките од раце, кои ми се неопходни за работа, и листовите со забелешки, за што ќе ги тужам,  а ја турнаа и камерата на снимателот“, вели нападнатиот новинар во „Макфакс“, Кристијан Ландов.
Полицијата не реагирала во расчистување на турканицата иако судот е под силно полициско обезбедување. 

Протестот го организира ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт против, како што велат, политичкиот прогон. 

Фото Макфакс

Слично

Поврзани вести