Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Се стресе Западна, но и Источна Македонија

НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Се стресе Западна, но и Источна Македонија

Повеќе земјотреси денеска се регистрирани во Македонија. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава во 9.54 часот регистрира слаб земјотрес oд 3,4 степени во охридското епицентрално подрачје. 

Неговиот епицентар се наоѓа на 5 километри источно од градот Охрид.

Земјотресот го почувствувале  граѓаните на Охрид и околината. 

Потрес од 3,2 степени според Рихтер утрово е почуствуван во близина на Ресен.

Според Европскиот сеизмолошки центар, потресот бил на 5 километри северозападно од Ресен и 4 километри западно од Јанковец на 2 километри длабочина.

Утрово во 8.05 часот земјотрес од 2,7 степени според Рихтеровата скала ги вознемири и жителите на Делчево.

Според Европскиот сеизмолошки центар земјотрес од 2.1 степени утрово по 6 часот имало и во близина на Пехчево, и тоа на длабочина од 1 км. 

Слично

Поврзани вести