Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови затруени од сендвичи од „Седмица“

Нови затруени од сендвичи од „Седмица“

Десет лица се третирани на Инфективната клиника со симптоми на труење од храна откако јаделе хамбургери во скопската сендвичарница  „Седмица“. 

Шест од нив се задржани на клиниката, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Тројцата пациенти пак кои биле примени во ГОБ 8-ми септември се во добра здравствена состојба.

Сендвичарницата денеска е затворена. Надлежните земале примероци од храната, брисеви од работните површини како и од вработената која работела со меленото месо за плескавици, а инспекциски надзор е направен и  во работилницата од каде се подготвува месото. 

Затруени со храна од истата сендвичарница имаше и во текот на вчерашниот ден. 

Слично

Поврзани вести