Нови закани - Глава за глава ако Ушкини добие доживотен затвор
На Фејсбук продолжуваат да се шират заканите дека ќе има немири и ќе следи соодветна реакција од незадоволните борци за Илирида доколку обвинитетите за тероризам од битката во Диво Насеље добијат доживотен затвор. Сега наводно на Фејсбук се јавила и фамилијата на командантот Соколи Сами Ушкуни која се заканува дека ќе скапо ќе платат политичарите издајници од „Илирира“.

- Трпението е при крај! Очекуваме правда за тебе и твоите другари. Во спротивно глава за глава , и крв за крв. Твојата глава скапо ќе ги чини непријателите славјани , заедно со некои издајници политичари од Илирида! За Татковината и за нашите Ослободители, доколку е потребно ќе превртиме се и секого кој ќе ни излезе напред. Глава за Глава, крв за крв, така вели нашиот Канон, стои во објавата на Фејбук профилот.
