Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

Нов влажен бран ќе ја зафати Македонија од вечерва, велат синоптичарите. 

- По денешниот претежно стабилен и сув ден со повеќе сончеви периоди, во текот на ноќта, како и утре повторно во Македонија се очекуваат нови повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи - вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Тој појаснува дека, овој пат на планините со надморска височина од над 1400-1500 метри ќе има  и повремени врнежи од снег, а на повисоките планини ќе се формира нова помала снежна покривка. 

- Утре ќе дува  и слаб до умерен ветер од северозападен правец, и истиот Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет - додава Попоски

Повремени врнежи од дожд утре ќе има  и во Скопскиот регион.

Што се однесува до температурите, утре тие ќе бидат на кратко нешто пониски за разлика од денес и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. 

Во Скопје температурата утре ќе се искачи до околу 15 степени.

Слично

Поврзани вести