Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови улици на кои ќе се наплаќа паркинг во Скопје од 2018-та

Нови улици на кои ќе се наплаќа паркинг во Скопје од 2018-та

Годинава ЈП „Градски паркинг” планира за околу 1.500 паркинг места да го зголеми зонското паркирање во градот. Според Годишниот извештај на претпријатието, зонско се предвидува на една улица во Автокоманда, четири во Кисела Вода, на три во Карпош1 и во Лептокарија.

ЈП „Градски паркинг” располага со 8.015 паркинг места, а годинава во план е да оспособи дополнителни околу 1.500 кај зонски организираните јавни површини. Според плановите што претпријатието ги има објавено за 2018 година во Годишниот извештај за сработеното лани што на усвојување се најде на последната седница на Град Скопје, зонско паркирање ќе има на делови од Автокоманда, Карпош и Кисела Вода, пишува „Вечер“.

Во Автокоманда на улицата „Индустриска” зона Д20 за 304 паркинг места веќе е изготевно сообраќајно решение. Зонско паркирање ќе има и на четири улици во Кисела Вода. Тоа се улиците “Антон Попов” Д140, “Емил Зола” Д141 и улиците “Иван Козарев” Д142 и “Вера Јоциќ” Д143.

Паркинг ќе се наплаќа во Карпош 1 на улиците “Мирка Гинова” (Д40-Д59), “Иван Аговски” (Д40-Д59), “Гиго Михајловски” (Д40-Д59). “Градски паркинг” во програмата за 2018 година предвидел зонско да се воведе и во Карпош 3 кај Лептокарија зона Д70-Д79.


Слично

Поврзани вести