Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови суспензии во МВР и ЕБР по насилствата во собрание

Нови суспензии во МВР и ЕБР по насилствата во собрание

15 вработени во МВР се суспендирани од работа поради нередите во Собранието од 27 април.

Од МВР утринава соопштија дека против 11 полициски службеници од СВР Скопје и против четворица припадници на Единицата за брзо распоредување е поедена дициплинска постапка при што им се врачени  решенија за времено оддалечување од работните места.

На еден висок старешина во Министерството пак му е врачено решение за времено оддалечување од работното место. 

„Одделот за внатрешна контрола, врз онова на прегледаниот доказен  материјал, утврди дека нивното присуство на работните места негативно ќе се одрази врз работењето на Министерството поради што е потребно нивно оддалечување од работните места се до завршување на дисциплинската постапка. Од видео материјалот било констатирано дека полициските службеници пасивно ја набљудувале масата на граѓани која се обидувала да влезе во поголем број во Собранието и не преземале дејствија со кои би им помогнале на другите полициски службеници. По насилното влегување на масата во Собранието овие полициски службеници продолжиле пасивно да се однесуваат во холот и на скалите и не преземале никакви службени дејствија со што овозможиле на масата непречено да се движи во Собранието“, информираа од МВР.

Оттаму дополнуваат дека одделот за внатрешна контрола утврдил дека овие полициски службеници не примениле мерки од овластувањата со што постапиле спротивно на Законот за полиција, Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, Упатството за начинот на однесување и меѓусебни односи на полициските службеници и спротивно на Кодексот на полициската етика.

Слично

Поврзани вести