Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ СЛУЧАИ: Koроната се шири во „Сју Рајдер“ во Битола

НОВИ СЛУЧАИ: Koроната се шири во „Сју Рајдер“ во Битола

Уште 16 новозаразени има во домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола.

Станува збор за 10  пациенти и 6 вработени во домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола. Тие  се позитивни на КОВИД-19 со што вкупниот број на заболени штитеници во оваа  установа скокна на 33, дознава Телма.

„Сју Рајдер“ е најголемиот кластер во Битила.  Засега не се знае како вирусот влегол во установата.

Во градот има 324 активни случаи на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести