Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови провокации на демонстрантите - Ролка за Рада, машна за Зоки

Нови провокации на демонстрантите - Ролка за Рада, машна за Зоки

На денешниот протест на „За заедничка Македонија“ беше истакнат нов заканувачки транспарент против Зоран Заев и Радмила Шекеринска, на кој биле исцртани и бесилки. 

- Кога демонстрантите пристигнаа пред Собранието, редарите на протестот го отстранија транспарентот кој заврши потпрен на едно од дрвјата во паркот наспроти Собранието, пренесува Радио Слободна Европа. 

Главните пораки кои „За заедничка Македонија“ ги испрати на 71-от протест е дека претседателот Иванов е последниот бедем за одбрана на Уставот и го повикаа да не го дава мандатот на оние кои сакаат да ја спроведат Тиранската платформа.


Слично

Поврзани вести