Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови правила за влез и излез во Грција, очевидци сведочат: „Летово ќе чекаме и по 8 часа на граница“

Нови правила за влез и излез во Грција, очевидци сведочат: „Летово ќе чекаме и по 8 часа на граница“

„Кога ќе се предаде пасошот, автомобилот се паркира на десната страна и се влегува во ходникот пред канцеларијата на граничната полиција“ - сведочи еден очевидец за случувањата на граничниот премин Евзони.

Новиот систем EES што го воведе ЕУ во голема мера го промени начинот на патување и преминување на граничните премини, а очевидци на Фејсбук споделуваат искуството за влез и излез во Грција и велат дека ова во летниот период нема да биде изводливо.

Наместо печати во пасошите, европските земји на граничните премини бараат отпечатоци од прсти и фотографии на лицето, а истото се случува и ако тргнете да патувате од Македонија во Грција, на граничниот премин Евзони.

За тоа зборува и еден очевидец во Фејсбук групата Grčka Info, кој опиша како се одвива целиот процес:

„Кога ќе се предаде пасошот, автомобилот се паркира на десната страна и се влегува во ходникот пред канцеларијата на граничната полиција.

Тука се поставени два апарати за фотографирање и оставање отпечатоци на прстите, така што се обработуваат по две лица од една колона со автомобили.

Процедурата не е долга и брзо се завршува, но најмалку се дуплира времето во однос на класичниот преглед на пасошите плус паркирањето на автомобилот и влезот и излезот од него.

Сето тоа делува невозможно во јулско-августовскиот метеж, кога и онака гужвите се огромни.

Повеќе од темата прочитајте на Женски Магазин.

Слично

Поврзани вести