Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови правила на берза: Не само прекршителите, туку и сомнителните компании на „тапет“

Нови правила на берза: Не само прекршителите, туку и сомнителните компании на „тапет“

Од утре почнува да се применува нова одлука со која се сменија Правилата за котација на Македонска берза. Со овие измени се прави допрецизирање на основите и начините за внесување на котираните издавачи на Листата на набљудување. Практично се предвидува можност берзата да внесе на Листата на набљудување и издавач којшто не ги прекршил Правилата за котација, доколку се процени дека поради постоење на други поспецифични ситуации и настани поврзани со хартиите од вредност или со издавачот, е потребно да и се обрне внимание на инвеститорската јавност за постоењето на вакви околности. 

Од берзата информираат и дека со измените се прецизира правото на жалба при внесување на издавач кога се изрекува мерка за внесување на Листата на набљудување, како и динамиката на постапување на Берзата во врска со оваа проблематика.


Слично

Поврзани вести