Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови пациенти во болниците: 600 луѓе се хоспитализирани, се бараат места по клиниките

Нови пациенти во болниците: 600 луѓе се хоспитализирани, се бараат места по клиниките

Нови хоспитализации на инфективните одделенија во земјава. Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, а таму нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот Венко Филипче денеска побара од директорите на интерните клиники да обезбедат и дополнителен капацитети за ковид пациенти. Ќе се мобилизираат сите за да се обезбеди место за најтешките пациенти.


Слично

Поврзани вести