Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови оставки во антикорупциска – заминуваат Сејди Халили и Фадие Алиу

Нови оставки во антикорупциска – заминуваат  Сејди Халили и Фадие Алиу

Од Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево оставки поднесоа и членовите Сејди Халили и Фадие Алиу, потврдија од Антикорупциска.

Претходно, денеска оставка поднесе и Жаклина Дамчевска, која изјави дека причините за ваквата одлука биле политички, но и сметал и медиумскиот притисок.

Вчера оставка поднесе и претседателот на ДКСК Игор Тантуровски, а претходно и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков.

Од вкупно седумте членови на Комисијата, досега оставки поднесоа петмина.

Членовите на ДКСК се повлекоа од функцииите откако пред неколку дена беше објавен извештајот од внатрешната ревизија направена во Комисијата. Во него се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.


Слично

Поврзани вести