Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ПОПЛАДНЕВО ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ МАКЕДОНИЈА - следува силно невреме

НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ПОПЛАДНЕВО ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ МАКЕДОНИЈА - следува силно невреме

Циклонската активност која е над Италија, попладнево и вечерва, како и утре (вторник), во најголем дел од Македонија ќе донесе нови обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

- На повеќе места ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја - напиша Попоски во денешната објава на „Метеоаларм“.

Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен). Сето ова очекуваме многу да помогне во гаснење и на останатите неколку помали пожари во Македонија.

- И во Скопскиот регион денес попладне  и навечер, како и утре (вторник) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 денес, а утре (вторник) тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени. Во Скопје  температурата ќе се искачи до околу 33 степени - напоменува Попоски.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести