Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ НАПОРИ ЌЕ СЕ ПРАВАТ ЗА ДАТУМОТ: Ќе има ли консензуално решение за преговорите на Македонија

НОВИ НАПОРИ ЌЕ СЕ ПРАВАТ ЗА ДАТУМОТ: Ќе има ли консензуално решение за преговорите на Македонија

Македонија ги исполни сите услови за отворање на пристапните преговори со Европската унија. Ова е заедничкиот став кој го испратија доцна синоќа премиерот Заев и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Сепак, денеска ќе се прават нови напори со цел да се постигне консензуално решение за Македонија да ги почне преговорите.

Во Брисел Заев и Туск заклучија дека земјава и граѓаните направиле храбри чекори и сериозни реформи.

Засега е неизвесно дали Франција ќе дозволи датум иако последните навестувања по оваа тема се негативни.

Макрон порача дека за нашата земја и за соседна Албанија ќе им треба малку повеќе време за да се заврши работата.

Останува ли се во рацете на една Франција?

Слично

Поврзани вести