Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ МОМЕНТИ ВО ПОТРАГАТА: Во Виена е видена Данка придружувана од две Романки?

НОВИ МОМЕНТИ ВО ПОТРАГАТА: Во Виена е видена Данка придружувана од две Романки?

Во Виена е видена Данка придружувана од две Романки, дознава Телеграф.рс. Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци за девојчето Данка Илиќ кое има 2 години. 

Како што дознаваме, интензивно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето.

Оваа информација ја добивме на 6-ти ден од потрагата по девојчето Данка Илиќ за кое од вторник не се знае ништо.

Полицијата во Србија неуморно работи на расветлување на случајот со исчезнатото двегодишно девојче, кое исчезна од дворот на куќа во Бањско Поље во Бор.

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека во 2 и 30 часот по полноќ, се појавила нова трага и ја пофали полицијата за посветеноста. 

Слично

Поврзани вести