Нов лик за старите центри за социјални работи
Ќе се реновираат центрите за социјална работа соопшти денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, за време на посетата на Центарот за социјални работи во Струмица каде што се информираше за тоа какви се условите на работа на Центарот и како тече реализација на проектите во него.
Според најавите, во ноември треба да започне реконструкцијата на четири од овие центри, и тоа во Струмица, Ресен, Пробиштип, Свети Николе. Како штообјави министерот, денеска е започната постапка за избор на најповолен изведувач кој ке ги добие градежните работи, додека за реализација на овој проект предвидени се околу 200 илјади евра.
Целосната реконструкцијата според планот треба да заврши до крајот на годината, а во оваа прва фаза ќе се менуваат прозорците, вратите, електричната инсталација, систем на греење и ладење како и санитариите. Освен градежните работи подоцна се планира и менување на мебелот, ќе се поставува опрема за видео надзор, а ќе се доуредува и внатрешниот и надворешниот простор.
„Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на стручните работници, но ќе се подобрат и условите за граѓаните кои ги остваруваат правата и услугите во центрите за социјална работа“, изјави Спасов, кој истовремено најави реконструкција и реновирање на уште седум центри за социјална работа која ќе започне до крајот на годината, но и благодарение на ИПА програмата идната година ќе се обноват и останатите 18 центри за социјална работа во земјава.
Слично
