Нови критични случаи со морбили, Мој термин на „стенд бај“
Три деца заразени со морбили се во критична состојба, информираат здравствените власти. Министерот Венко Филипче денеска соопшти дена едно дете со церебрална парализа има тешко воспаление на белите дробови и лежи на Клиниката за инфективни болести. Други две деца кои се сметаат за критични се хоспитализирани на Клиниката за детески болести.
Дневно се примаат по четири до пет случаи на инфективно. Засега освен забрзана вакцинација не се предлагаат други мерки.
„Над 6.000 деца се веќе вакцинирани. Се надевам дека истата динамика ќе продолжи и натаму и во следниот период ќе имаме поголем број вакцинирани деца. Тоа е една од можностите оваа епидемија да заврши што побрзо. Сите деца кои се невакцинирани се во исклучително висок ризик да заболат од морбили, вели Филипче.
Во меѓувреме поради приоритетот на епидемијата сите прегелди за Мој термин се одложуваат.