Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ИЗБОРИ НЕМА ДА ИМА: Спасовски вели дека обвинувањата на Мицкоски се небулози

НОВИ ИЗБОРИ НЕМА ДА ИМА: Спасовски вели дека обвинувањата на Мицкоски се небулози

За премиерот Оливер Спасовски небулозни се обвинувањата на опозицијата за купување пратеници. 

Тој вели дека нема да има нови избори и очекува наскоро СДСМ да формира Влада.

„Ние сме сериозни и така ќе се однесуваме и при формирањето на владата. Низ разговор, низ дијалог, со прифаќање на принципите за кои се залагаме, тоа ќе биде основа на која ќе побараме поддршка од пратениците во македонското Собрание. Очекувам тоа да се случи многу скоро по формирањето на македонското Собрание“, изјави Спасовски за „Утрински брифинг“.

Спасовски повтори дека СДСМ и коалицијата разговорите за фомирањето на Владата ќе ги почнат по  2 Август.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека секој ден ги менува ставовите. 

Мицкоски рече дека е згрозен и дека СДСМ се обидува да купува пратеници. 

Слично

Поврзани вести