Нови истраги на СЈО пред избори: Кој е следен на мета на Катица Јанева?
Специјалното јавно обвинителство е можно да покрене нови истраги пред изборите.
Ова денеска индиректно го потврди јавната обвинителка Катица Јанева, која одговарајќи на новинарско прашање не ја отфрли можноста пред избори да покрене и други предмети кои произлегуваат од нелегално прислушуваните материјали.
Таа се насмеа и кимна со главата кога беше запрашана дали јавноста да очекува нови истраги наскоро.
Имено, Јанева денеска присуствуваше на научна дебата на Правниот факултет во Скопје.
СЈО досега поднесе две обвиненија, едното за вработените во УБК, а второто против поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кои се товарат за поттикнување на насилство во протестите во Oпштина Центар пред неколку години.
Меѓудругото, тимот на СЈО работи на „Тортура“, „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Тврдина“, „Трезор“, „Топлик“ и „Тендери“.
