Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ИСТРАГИ: Дали СЈО ќе и застане на „пат“ на Бонева?

НОВИ ИСТРАГИ: Дали СЈО ќе и застане на „пат“ на Бонева?

СЈО отвара нови седум истражни постапки, соопшти денеска специјалната обвинителка Катица Јанева.

Сите постапки се против 17 лица за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за измама во службата.

Патните трошоци на една пратеничка влегуваат во истрагите кои СЈО ги отвора . Имено, се работи за Силвана Бонева која СЈО ја сомничи за измама во службата.

Истрагата е под кодно име „Друмарина“ и како што кажа обвинителката Фатиме Фетаи Бонева какопратеник на ВМРО-ДПМНЕ, за патни трошоци за период од четири години наплатила од Собранието околу 100.000 евра.

„Осомничената во период од 25-ти јуни 2011 година до 16 декември 2015 година, до службите на Собранието поднела лажни фискални сметки од патарини за присуство на седници во парламентот. Доказите упатуваат на тоа дека истата имала сместување во Скопје и дека не ги остварила патувањата“, посочи рече Фетаи.

Како што додадоа од СЈО, Бонева доставила сметки од патарини за 843 патувања со своето возило, на релација помеѓу местото на живеење во Струмица и Скопје, но истрагата покажала дека доколку прикажаните патувања биле реално направени, поминатата километража би изнесувала 235.928 километри а доказите потврдиле дека вкупната километража за наведениот период која ја направило возилото изнесува 133.520 километри.

Слично

Поврзани вести