Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови хотели ќе се градат во Охрид – понудени 10 локации

Нови хотели ќе се градат во Охрид – понудени 10 локации
Десет атрактивни локации се понудени за изградба на нови луксузни хотелски комплекси во Охрид. Се бараат инвеститори за локациите во населбите Свети Стефан, Далјан, Андон Дуков и Грашница. Сепак, најатрактивна е локацијата во самиот центар на градот - се бара инвеститор што ќе вложи во изградба на современ хотелски капацитет на местото на некогашниот хотел „Палас“, кој со години не работи и е руиниран. Од општина Охрид се надеваат дека решавањето на статусот на овој објект може повторно да го врати сјајот на еден од најубавите хотели на охридското крајбрежје. Сепак туристичките експерти се скептични - сметаат дека за објектите што се под заштита, каков што е и хотелот Палас, многу тешко може да се најде инвеститор затоа што тој би морал да вложи многу пари, а притоа да биде ограничен во реализацијата на замислите за реновирање. Освен ова, хотелот Палас во Охрид со години е заглавен и во нерешени имотно-правни односи. Хотелот е изграден пред речиси 60 години, а пред 4 години беше ставен под заштита на Управата за културно наследство.
Слично

Поврзани вести