Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови градежни зафати на Музејот на македонската борба, тежат над милион евра

Нови градежни зафати на Музејот на македонската борба, тежат над милион евра
Иако фуннкционира веќе две години, Музејот на македонската борба сеуште го нема добиено замислениот изглед, пишува порталот Build.mk. Минатата седмица од страна на Министерството за култура е потпишан нов договор за градежни работи, а носител е градежната компанија „Бетон“ од Скопје која треба да работи на зафат за дополнување на музејската поставка. Според порталот, целата постапката е спроведена со преговарање без претходно објавување на оглас, а зделката е тешка 86.491.659 денари ( 1,4 милиони евра) кои ќе се платат од државниот буџет.Градежните работи треба да бидат готови за шест месеци. Музејот беше отворен пред две говини, на Денот на македонската независност. Има површина од 2.500 метри квадратни, а инвестирани досега се над  14 милиони евра. Музејот е посетен од над 100.000 посетители од повеќе од 50 држави. Во Музејот на македонската борба претставени се 109 восочни фигури, 69 уметнички слики-масовни сцени и 17 портрети. Збирката на оргинални предмети брои 1.187 експонати.
Слично

Поврзани вести