Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови фасади за старите згради, се шири барокот во Скопје?

Нови фасади за старите згради, се шири барокот во Скопје?
Објектите на булеварот Илинден, плоштадот Карпошово востание и Кејот станува се поизвесно дека ќе добијат нови фасади откако градоначалникот на Скопје Коце Трајановски побарал од Советот, во соодветната програма да бидат вметнати и овие објекти. Во образложението на предлогот кој советниците ќе го разгледуваат на следната седница, стои дека потребата за овие градежни зафати е поради дотраеноста на фасадите на градбите на тие локации, објави Алфа. „ Заради нивната состојба има ургентна потреба од реконструкција и доградба на повеќето од објектите. Објектите се со сериозно оштетени фасади, а кај некои од нив е потребна и санација на конструктивниот систем.“ се вели меѓу другото во образложението на Градоначалникот Коце Трајановски до Советот.
Слично

Поврзани вести